недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар со победа го стартуваше турнирот во Струга

Вардар со победа го стартуваше турнирот во Струга

Македонскиот ракометен првак Вардар со сигурна победа над домаќинот Струга со 39-26 го отвори 49. издание на Струшкиот ракометен турнир кој се игра во овој град.

Најдобар кај Вардар беше крилото Јан Чувара со седум гола, пред Тото со шест, Кудуз заедно со Диало и Моралес имаа по четири гола, а Валчак, Атанасовски и Ќосевски завршија со по три реализации.

Во оваа група во првото коло слободен беше Бутел Скопје. Денешната програма, по церемонијалот на свечено отворање, ќе ја затворат Тиквеш 2014 и Металург.