Веспрем – Вардар 31:31 (18:13). Резултат со кој Вардарци достоинствено се збогуваа со елитното натпреварување.
Домашниот состав кој пред една недела во Скопје ги растури „црвено-црните“, вечерва стартуваше јуришно и поведе со 6-3, но Вардар растеретен од резултатски притисок постојано фаќаше прикучок.На паузата сепак унгарците отидоа со висока позитива 18-13.
Водството од 4-5 гола Веспрем го чуваше и во текот на целиот втор дел, освен во финишот кога Вардар со убава серија израмни за првпат на мечот: 29-29.
На крајот конечни 31:31 за пристоен поздрав со Лига на шампиони. Морале постигна шест гола и беше најдобар стрелец кај Вардар вечерва, а Јахја со седум гола го предводеше Веспрем кој оди во следна рунда.
Најдобар кај стрелците беше Оливие Њокас со седум гола, пред Куни Моралес со шест, додека Филип Талески и Жереми Тото стрелаа по четири пати. Кај Веспрем, Јахја постигна седум, пред Нилсон со пет, а Мае заврши со четири реализации.