петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардарецот Јасухира со Јапонија ќе игра на ОИ во Париз

Вардарецот Јасухира со Јапонија ќе игра на ОИ во Париз

Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира заедно со неговите соиграчи од јапонската репрезентација остварија триумф од 32-29 во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Јапонија ја најави својата победа уште во првото полувреме, кое ѝ припадна со убедливи 18-13, а Бахреин во вториот дел полека почна да ја намалува негативата, но и покрај тоа загуби со 29-32.

Поразениот Бахреин ќе има и втора шанса преку дополнителни квалификации да ѝ се приклучи на Јапонија на ОИ во Париз.