петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Новото засилување на Вардар доаѓа од Јапонија

Новото засилување на Вардар доаѓа од Јапонија

По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар.

Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а нашиот клуб има приоритет доколку сака да го откупи негодиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар.

Доаѓа од полска Висла Плоцк каде лани настапуваше и беше пријавен и за лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и во имаше натпревари и од Лига Европа.

Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.