Членот на Вардар 1961, Васил Гогов е креатор на најатрактивната одбрана во четвертфиналните пресметки во СЕХА лигата.
Гогов имаше двојна интервенција на пресметката против Војводина во Скопје, а истата беше доволно за да ја освои позицијата број еден на најновата Топ листа.
Вицешампионското место пак е резервирано за голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак кој беше во елемент во дуелот со Татран Прешов.