Во февруари и март РК Вардар1961 ќе ги одигра последните четири натпревари од групната фаза на лигата на шампионите, а две средби се закажани во салата во СЦ „Јане Сандански” – против ППД Загреб и Елверум.
Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за овие две средби од ЕХФ Лига на шампионите почна продажбата на поединечните билети за средбите против ППД Загреб и за Елверум.
* Натпреварот Вардар – ППД Загреб е закажан за 23 февруари 2022 во 20,45 часот.
* Натпреварот Вардар – Елверум е закажан за 9 март 2022 во 20,45 часот
Дозволено е користење на 50 отсто од капацитетот на салата, до максимални 2.750 лица.
Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија
(https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).