Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе се соочи со Тиквеш во првото коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Во пресрет на овој меч, од тимот од Битола споделија неколку информации со состојбата на повеќе ракометари од првиот тим.
-РК Еурофарм Пелистер се врати во нормален тренажен процес пред мартовските предизвици во плеј-офот на Суперлигата, ЕХФ Лига Европа и СЕХА Гаспром лигата. Рение Табоада се приклучи на тренинзите на екипата по периодот на изолација по позитивниот тест од ковид-19. Мартин Велковски се повреди на последниот тренинг и предвиден е период на мирување. Медицинските служби ја следат неговата повреда. Јосип Периќ нема сериозна повреда по натпреварот во Татабања и магнетната резонанца, но заради болки во рскавицата предвидено е неколкудневно мирување, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.