сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Веспрем на пенали по четврти пат ја освои СЕХА лигата

Веспрем на пенали по четврти пат ја освои СЕХА лигата

Ракометарите на Веспрем се радуваа во драмата во Задар, откако го совладаа ППД Загреб во финалето на СЕХА лигата по подобро изведување на пеналите со 4-2.

Дуелот тргна со изненадувачка предност за Загреб. Избраниците на Ивица Обрван поведоа со 6-3, но не успеаја да се задржат во позитива. Веспрем бргу се врати до егал, иако сè уште бркаше негатива, беше константно близу. Пред полувремето унгарските ракометари конечно поведоа. Со добри мини-серии Веспрем дојде до водство од 15-12, но загрепчани вратија гол од негативата и на пауза заминаа со минус два (15-13).

Унгарците и по полувремето продолжија исто, диктираа темпо и одржуваа позитива, ама Хрватите не дозволуваа ривалот да се одлепи. Предноста варираше меѓу два и три гола, а во завршните десет минути Загреб најави драма. Првиот егал во вториот дел дојде во 55. минута, додека слично беше и во следната акција, бидејќи Вистороп два пати погодуваше од тешка позиција и го држеше тимот во игра.

Веспрем на минута до крајот не успеа да погоди, откако погрешија и направија техничка грешка. Загреб имаше шанса да си обезбеди сигурни пенали, но добрата одбрана на противникот ги задржа. Манасков и соиграчите пак можеа да си обезбедат триумф, ама Јахја Омар направи пробивање и мечот влезе во пенал-серијата. Веспрем на крајот беше подобар во изведувањето на казнени удари со 4-2 и дојде до четвртата СЕХА-титула.

Петар Ненадиќ и Јахја Омар ги предводеа стрелците со по осум гола, додека Филип Вистороп од Загреб даде седум.