Унгарскиот ракометен гигант Веспрем ќе ја брани титулата од СЕХА лигата, откако во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Задар, без поголема мака со 36:29 (20:14) го совлада украинскиот Мотор Запорожје.
Веспрем ќе оди на четврта титула во регионалното натпреварување, со која би се израмниле со Вардар како најтрофеен клуб во СЕХА лигата. Противиник во финалето ќе му биде ППД Загреб, екипа која загуби во четврт-финалето од Вардар, но потоа по исклучувањето на „црвено-црните“ поради позитивниот тест на Борко Ристовски, во драматичен меч на пенали го елиминираа белорускиот Мешков Брест.