понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Египетскиот „џин“ кој беше мета на Вардар му даде 11 гола на Магдебург на Супер Глоб

ВИДЕО: Египетскиот „џин“ кој беше мета на Вардар му даде 11 гола на Магдебург на Супер Глоб

Екипата на Ал Калај немаше сили за сензација против Магдебург на Супер Глоб и не успеа да се пласира во втората фаза од Светското клупско првенство на ИХФ.

Германскиот тим рутински славеше со 35-29, но натпреварот во Џеда го одбележа ракометарот на домашниот тим Хасан Кадах. Египетскиот „џин“ (205 сантиметри) имаше брилијантен настап против моќниот бундеслигаш и натпреварот го заврши со единаесет гола, од кои девет во првиот дел.

Одличниот настап на Кадах против Магдебург:

22-годишниот бек е член на Киелце, но на овој Супер Глоб настапи за Ал Калај. Своевремено беше и мета на македонскиот шампион Вардар, но полскиот гигант беше поконкретен во понудата и успеа да го „украде“.