понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Еве како Червар го задржа белорускиот играч- ќе има ли санкции?

ВИДЕО: Еве како Червар го задржа белорускиот играч- ќе има ли санкции?

Хрватскиот селектор Лино Червар, недозволено при последниот напад за израмнување на 24:24 пред арбитрите да ја подигнат раката за пасивен напад, го попречи десниот бек на противничкиот состав.

Стратегот на „Коцкестите“ јасно се гледа како го попречува Артур Карвацки на теренот, па снимката осамна на социјалните медиуми и наиде на безброј критики.

Во последниот напад Белорусите не успеаја да упатат удар кон хрватскиот гол, па по пасивниот напад топката им беше одземена.  Белорусите имаа акција за израмнување на 24:24, но пред истата да биде прекината поради пасивен напад, имаше еден недозволен потег на Лино Червар кој понесен од еуфоријата и драматичната завршница, одлучи да му попречува на десниот бек на Белорусите.

Хрватскиот селектор го чуваше Артур Карвацки, а за ваквиот свој потег експресно наиде на исклучително многу негативни коментари на социјалните мрежи каде ракометните фанови го осудуваат за ваквата реакција…