недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Факели летаат на сите страни, снимки од инцидентот во СЦ „Јане Сандански“

ВИДЕО: Факели летаат на сите страни, снимки од инцидентот во СЦ „Јане Сандански“

Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар 1961 славеше во големото дерби против Еурофарм Пелистер со 31:24, кое попладнево беше во прекин половина час поради навивачки инциденти.

Дерби натпреварот во „Јане Сандански“ во Скопје беше прекинат во 17-тата минута при резултат 6-6 кога во салата влегоа навивачите на битолскиот прволигаш и со пиротехнички средства почнаа да фрлаат кон домашната публика.

Десетина навивачи на Вардар потоа влегоа на теренот и возвратија во делот кон гостинските навивачи со пластични шишиња и тврди предмети по што судиите го прекинаа натпреварот, а двете екипи се повлекоа во соблекувалните.

По пауза од триесетина минута големото македонско ракометно дерби продолжи.