Во 35. минута од средбата меѓу Вардар и Барселона се случи еден потег вреден за одбележување. При напад на „црвено-црните“, Скубе тргна кон голот на Де Варгас и беше фаулиран од Дика Мем.
Едниот од португалските арбитри покажа две минути за францускиот репрезентативец, но Скубе веднаш покажа дека имало само мал допир и дека фаулот не е за исклучување.
Судиите се консултираа, ја поништија одлуката, а Мем остана во игра и му честита за потегот на словенечкиот интернационалец.
Извор: 24rakomet.mk