среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Иако изгубивме, чуството кога ракометарите ја пеат МАКЕДОНСКАТА ХИМНА е бесценето

ВИДЕО: Иако изгубивме, чуството кога ракометарите ја пеат МАКЕДОНСКАТА ХИМНА е бесценето

Првата анализа на селекторот Кирил Лазаров по премиерниор меч на ЕП беше позитивна, но со доза на жал за пропуштената шанса.

„Горд сум како го одигравме натпреварот, со оглед што Словенија има ракометари кои играат во најдобрите тимови во Европа. Сепак, разочаран сум затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод. Ги уморивме и надигравме, но не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме. Се обидов да ги убедам моите ракометари, но на крај не успеав во тоа. На вистински пат сме и треба да продолжиме така. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари до крајот на првата фаза. Секој натпревар е тежок на големо натпреварување, но мислам дека ќе бидеме сѐ подобри и подобри“, истакна селекторот.

Но иако изгубивме, македонските ракометари покажаа карактер, покажаа борбеност, а тоа се забележа уште на самиот старт кога се интонираше македонската химна.

Слушнете како звучеше тоа: