Кире Лазаров игра во голема форма и во втората своја сезона во Нант. Скоро на секој натпревар максимално ја користи минутажата и со голови и асистенции ги носи победите на својата екипа.
Вчера на француската телевизија на чист француски јазик, Лазаров ги објасни своите чувства во втората година во францускиот шампионат.
-Кога дојдов тука, не зборував француски. Јазикот е многу важен, да зборуваш со соиграчите, да го разбереш тренерот. Оваа година се чувствувам одлично, многу добра екипа сме, 18 ракометари и верувам во екипата и во големи работи сезонава“, заврши Лазаров.
Извор: gol.mk