Тимур Дибиров објави дека оваа сезона ќе му биде последна во црвено-црниот дрес, а нема никаква дилема дека левото крило ќе остане запаметено како најдобар странски ракометар кој настапувал за Вардар.
Тој беше лидер на екипата со година, а за успесите најдобро говорат трофеите, два во Лигата на Шампионите, четири во СЕХА и дури 15 вкупно пехари во мак-ракометот.
Желба на Русинот, но и на сите „вардарци“ е збогувањето да биде со двојна круна, нешто што нема да биде нималку лесно по последниот пораз на домашен терен од Еурофарм Пелистер.
Сепак, објавата на Дибиров за заминување од Вардар е доволен повод за потсетување на дел од најдобрите погодоци на овој ракометар во црвено-црниот дрес.