Европската ракометна федерација покрена дисциплинска постапка против хрватскиот селектор Лино Червар поради потегот кој го направи во финишот од натпреварот против Белорусија.
Червар на мечот против Белорусија при резултат 24:23 и напад за противникот, со раце го задржа ракометарот на белоруската репрезентација Артур Карвацки.
ЭТО ПРОСТО ? #CROBLR #ehfeuro2018
Поведение хорватского тренера во время последней атаки белорусов ? pic.twitter.com/G5qMki09zu
— Tribuna.com Беларусь (@goalsby) January 18, 2018
Червар се огласи за спорниот момент со нелогична изјава: Судиите сакаа да ме уништат?!
Стратегот на „Коцкестите“ јасно се гледа како го попречува Артур Карвацки на теренот, па снимката осамна на социјалните медиуми и наиде на безброј критики.
За спорниот момент пишуваат и хрватските медиуми, кои велат дека на „триесеттина секунди пред крајот на мечот Белорусите добија напад. Лино Червар трчаше горе-доле покрај аут линија, а некои белоруски новинари сметаат дека влегол во теренот и се обидел да го попречи нивниот напад“.
Запрашан за самата ситуација, Червар во изјава за медиумите вели:
-Не се работи за никаква намера. Јас имам обичај да одам лево-десно по тренерската линија и дојде само до мал судир во жарот на борбата. Судиите? Судиите сакаа да ме уништат.
Дали се работи за „мал судир во жарот на борбата“, проценете сами од видео-снимката: