четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Талески

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Талески

Полицаец го удри со пендрек ракометниот репрезентативец Филип Талески и тоа во салата каде се одигра дербито меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

По тензичниот тек на мечот, се случи инцидент и турканица меѓу играчите, а еден од полициските службеници со пендрек го удри по главата македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Видеото го сподели и Дејан Манасков на својата официјална страница на која напиша: „Зошто????“.

Трофејот во македонскиот ракометен куп остана во сопственост на Вардар 1961, откако „црвено – црните“ во драматична завршница го совладаа во финалето во Охрид големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25.