недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Со голови во последните секунди Вардар ја испиша историјата- голот на Македа е само еден во серијата

ВИДЕО: Со голови во последните секунди Вардар ја испиша историјата- голот на Македа е само еден во серијата

Голот во последните секунди за победа во пеколната „Шпаркасен Арена“ во Кил, а уште повеќе психичката стабилност која ја покажуваат избраниците на Раул Гонзалес, потврдуваат дека Вардар не е случајно европски шампион.

Сепак, овој гол во последните секунди на Македа не е единствен кој на Вардар му донел голем резултат. Да се потсетиме, Вардар лани со головите во последните секунди на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, прво обезбеди пласман во финалето на ова натпреварување, а потоа и стигна до историскиот прв трофеј од Лигата на шампионите, а воопшто и од некое европско натпреварување за еден македонски тим.

На полуфиналниот меч лани во Келн, при резултат 25:25, Циндриќ постигна злато вреден гол на четири секунди до крајот, гол за 26:25 и секако гол вреден пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Она што Македа успеа да го направи на пет секунди до крајот, Лука Циндриќ на 4, вардаровиот херој, Иван Чупиќ успеа да го направи на две секунди до крајот, и тоа гол вреден европска титула. При резултат 23:23 во финалето против ПСЖ, откако доби одлична топка од Алекс Дујшебаев, Иван Чупиќ постигна злато вреден гол, кој секогаш ќе остане запишан во срцата на вардаровите фанови.

А последен во серијата доста важни голови во последните мигови од натпреварите е Хорхе Македа.