петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Вардар е старо-новиот шампион во СЕХА

ВИДЕО: Вардар е старо-новиот шампион во СЕХА

Вардар е шампиуон на СЕХА лигата откако го победи Загреб со 26:24 во финалето со што македонскиот шампион ја освои четвртата титула во регионалното ракометно натпреварување, втора во низа, но овој пат „Јане Сандански“.

Загреб 50 минути беше рамноправен противник, но Вардар во последните десет минути го скрши противникот.
Неколку пати во првиот дел македонскиот шампион имаше предност и од четири гола разлика, но Загреб го намали водството на Вардар и на полувремето се замина со 14:13 за црвено-црните.
Иако не поведе ниту еднаш, Загреб даваше силен отпор, неколку пати го изедначуваше резултатот, но Вардар на крајот  славеше со 26:24.
По пет гола постигнаа Криштопанс и Циндриќ, а Штерик имаше осум одбрани. За Загрепчани Хорват реализираше осум пати, од кои седум од пенал.
Ова е четвртиот трофеј за Вардар во СЕХА, прв пат освоен во Скопје.