Битолскиот ракометен тим на Еурофарм Пелистер ја оствари втората победа во Европската ракометна лига, откако денеска ја совладаа екипата на Татабања со 21:19.
Избраниците на Жељко Бабиќ одиграа добар натпревар во поголемиот дел меч нокој имаа и свои падови, но не се одразија на конечниот резултат.
Мандалиниќ и Кушан беа најефикасни во таборот на Еурофарм Пелистер со по пет постигнати погодоци, а ги следеше Мараш со четири голови.
Во таборот на Татабања најефикасен беше Ѓори со 6 погодоци.
Истите две екипи и утре имаат средба во Битола, но сега Татабања условно ќе биде домаќин, а натпреварот се игра со почеток од 17 часот.