среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Во продажба се сезонските билети за Вардар

Во продажба се сезонските билети за Вардар

Навивачите на Вардар од денеска смеат да си купат сезонаски билети за натпреварите од Лигата на шампионите, но за да влезат во салата повторно ќе мора да следат строги услови, како за мечот со Загреб, од СЕХА-лигата.

Клубот информира дека пуштени се во продажба сезонски билети онлајн и во продажната мрежа на „Купи карти за се“, меѓутоа само купениот билет нема да биде доволен за влез на натпреварите. Покрај сезонскиот билет, секој мора да приложи и:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

„Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите“, велат од клубот.

Според прописите од здравствените власти, ќе се продаваат билети за 30 отсто од капацитетот на „Јане Сандански“, што значи околу 2.000, па прашање е дали воопшто ќе останат уште, за од 15 септември да почне продажбата и на индивидуални билети за секој натпревар одделно. Првиот меч во ЛШ, Вардар го игра на 15 септември на гости кај Елверум, а првиот домашен дуел е на 22 септември, против Мешков Брест. По него следуваат веднаш уште два домашни, на 29 септември со Алборг и на 13 октомври со Монпелје, а до крајот на 2021 во Скопје ќе гостуваат уште и Кил и Пик Сегед.

ЦЕНИ НА СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ:

Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.500 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 3.000 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.500 денари