Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 доведе уште едно ново име. Откако пред една недела од Охрид пристигна на позајмица Стефан Додиќ, од Металург доаѓа Костадин Петров.
Репрезентативниот кружен напаѓач од денес е нов член на Вардар 1961, со договор до крајот на сезоната.
Петров ќе ја засили конкуренцијата во „црвено-црниот“ табор, каде на позицијата кружен напаѓач веќе играат Стоилов, Тото и Валчек. Ф