четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Ако мислат дека друг тренер може да направи промени, јас ќе си заминам

Вујовиќ: Ако мислат дека друг тренер може да направи промени, јас ќе си заминам

Првото полувреме беше пресудно за поразот на РК Вардар каде македонскиот првак постигна само еден гол во 16. минути. Иако во вториот дел играта ја подобри, сепак тоа не беше доволно за да се приреди пресврт.

„Честитики до Пик Сегед за заслужената победа. Јас сум многу разочаран, не од резултатот, туку од начинот на кој одигравме. Лошо го отворивме мечот, напаѓачки не бевме ниту близу, отидоа на видна разлика која ја одржуваа, па сите нашите обиди не го дадоа резултатот. Немавме расположени играчи иако знаеме дека Пик Сегед имаат подобар тим од нас. Пастор е девет години со тимот, јас сум пет месеци. Кажав дека ќе дојде тешки денови, моето разочарување го делам со навивачите, кои не се задоволни. Поразот е тежок, но борбата не е завршена, нашата цел беше да се пласираме во следната фаза, ќе успееме во тоа“ изјави првиот тренер Веселин Вујовиќ.

Веселин Вујовиќ е подготвен да поднесе оставка доколку така одлучи раководството на клубот. На официјалната прес-конференција потенцира дека во Вардар се вратил со една цел, да му помогне кога му е најтешко.

„Ако мислат дека друг тренер може да направи промени, јас ќе си заминам. Дојдов да го спасам Вардар, да му помогнам во моментите кога ќе згаснеше. Јас сум човек победник, не ми е лесно кога гледам 8-1, најлесно е во тие моменти да исчезнеш. Ќе останам тука додека ми веруваат. Треба да бидеме реални, првите резултати не залажаа дека имаме екипа за високи дострели. Нашата реалност е петто или песто место“, рече Вујо.