Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 на домашен терен како фаворит загуби од Монпеље и го доживеа првиот пораз во ЛШ.
По дуелот на прес-конференцијата Веселин Вујовиќ истакна дека вардарци не личеле на себе и биле далеку од нивото на кое играле во претходните три кола .
„Прво, сакам да честитам на екипата на Монпелје која заслужено победи. Во ниеден момент и сегмент на играта не му париравме на ривалот. Вардар не личеше на екипата од првите три кола. Жалам затоа што не ја наградивме добрата атмосфера. Монпелје мора да се респектира, го победи Кил и тоа е тим кој доаѓа од Франција земја каде се игра врвен ракомет. Целиот тим потфрли, така што мора да анализираме што беше проблемот, да се кренеме и да продолжиме понатаму во ова долго натпреварување, затоа што има уште долго да се игра“, изјави популарниот Вујо.