четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Сакаме да победиме и обврска е да го освоиме Суперкупот

Вујовиќ: Сакаме да победиме и обврска е да го освоиме Суперкупот

Ракометниот Суперкуп ќе ја отвори сезоната на домашната сцена, а Вардар како бранител ќе се сретне против Еурофарм Пелистер.

Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ, истакна дека Еурофарм Пелистер е квалитетен тим и е директен ривал на сите домашни фронтови, ама силно посакува да ја почне ерата во „црвено-црните“ со трофеј.

„Ни доаѓа првиот меч против Еурофарм Пелистер, директен конкурент за шампионската титула и лани играше важна улога и во Македонија и во Европа. И покрај тоа што ја темпираме формата за СЕХА-мечот со ППД Загреб, најважно за нас е да одиграме добар натпревар и обврска е да победиме за да го освоиме Суперкупот. Не размислувам каков ќе биде резултатот, знам дека навивачите сакаат да победиме со висока разлика, но ќе мора да видиме каква ќе ни биде формата на терен. Уште ни фали Гурбиндо, кој има право за настап, сакам моето враќање во Вардар по осум години да почне со пехар.  Не знам дали ќе има публика во СЦ „Борис Трајковски“. Секогаш е емотивно кога ќе се сретнам со „Комити“. Го респектираме Еурофарм Пелистер, сакам финале со нив и во Струга, таму ќе бидеме комлетни. Верувам дека ќе биде еден вистински европски натпревар. Во Суперкупот силите ќе бидат 50-50. Тоа е добро за мене, затоа што ќе можам да видам како ќе реагираат и играат некои играчи“, изјави Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се игра в среда, 11 август, со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.