Ракометната репрезентација на Германија во последните неколку минути успеа да го скрши отпорот на Чешка и на крај да ја совлада со 22:19.
Натпреварот беше израмнет се до 52-рата минута, кога во игра влезе Андреас Волф и со неколку клучни одбрани и ја донесе победата на Германија.
При резултат 18:17 за Чешка, Волф успеа да му одбрани седмерец на најдобриот чешки ракометар Здрахала, а потоа со неколку одлични интервенции целосно да ја отпише Чешка.
Чесите имаа водство во поголемиот дел од мечот, но немаа сили да направат целосно изненадување.
По овој триумф, Германија изби на првото место во нашата група во Вараждин со 4 бода, додека Чешка останува на 2.
Од 20:30 часот се игра вториот меч денеска меѓу Словенија и Данска.