среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Затоа е легенда: Кирил Лазаров во „куќата на славните“ на ЕХФ!

Затоа е легенда: Кирил Лазаров во „куќата на славните“ на ЕХФ!

Македонскиот ракометен великан Кирил Лазаров ја продлабочи својата легенда во светот на овој спорт и доби место во „куќата на славните“ на ЕХФ, новоформираната секција која европската куќа на ракометот ја воведе од оваа година.

Во неа место добија имиња кои оставиле голема трага во европските натпреварувања под капата на ЕХФ. Кирил Лазаров е единствениот репрезент од Македонија кај мажите, од Балканот тука се Момир Илиќ и Ивано Балиќ, а од екс-играчите на Вардар, на листата е голманот Арпад Штербик.

Кај дамите, на нашето поднебје познати се Ања Алтхаус која претходно остави трага во моќниот тим на ЖРК Вардар, како и македонската снаа Едуарда Аморим-Талеска, која од 2006 до 2009 година играше за Кометал Ѓорче Петров.

Целосната листа од „куќата на славните“: