четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Завршницата на Македонскиот ракометен куп во Кавадарци

Завршницата на Македонскиот ракометен куп во Кавадарци

Кавадарци ќе биде организатор на годинaшното издание на завршниот турнир во Купот на Македонија во ракомет, во машка и женска конкуренција, кој идниот месец ќе се одржи во салата „Јасмин“, одлучи Ракометната федерација.

Полуфиналисти во машка конкуренција се Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје, додека на завршниот турнир во женска конкуренција се пласираа ланските победнички ЖРК Куманово, како и ЖРК Чаир, Ѓорче Петров и ЖРК Металург.

Жрепката за полуфиналните двојки дополнително ќе биде извршена.