недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Жељко Бабиќ: Емотивно бевме испразнети

Жељко Бабиќ: Емотивно бевме испразнети

Битолскиот ракометен тим Е.Пелистер на првото дерби против Вардар 1961 загуби и е далеку од борбата за титулата. Наместо неизвесен натпревар, на крајот беа и убедливо поразени.

Тренерот на гостите Жељко Бабиќ како причина за поразот го наведе физичкиот замор, но најави дека на следниот меч ќе биде поинаку.

Заслужена победа на Вардар. Имаа многу повеќе енергија, можеби и поголем квалитет, но верувам дека и покрај квалитетот, ние енергетски паднавме и имавме кратка ротација. Имавме многу мечеви и емотивно бевме испразнети. Една од причините за лошата игра е и менталниот и физички замор. Имавме многу натпревари за нас, за нашите млади играчи тоа не е лесно. Очекувањата се големи, од моја перспектива потонавме поради притисокот од самиот меч. Сигурно е дека разликата не е толаква каква што е меѓу двата тима, ама тоа е спортот. Треба ментално да се вратиме по овој пораз“, изјави Бабиќ.