петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Жереми Тото од Вардар е МВП на турнирот во Магдебург

Жереми Тото од Вардар е МВП на турнирот во Магдебург

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 загуби во финалето од германски Магдебург на „Хумел Купот“, меѓутоа го има најдобриот играч на турнирот.

За најкорисен ракометар (МВП) на настанот кој се одржа во Магдебург, прогласен е Жереми Тото. Новиот пивот на вардарци имаше одличен настап на турнирот и на двата меча беше на врвот на листата на стрелците.

Вардар 1961 во финалето загуби од домаќинот поради катастрофални петнаесет минути на отворањето на второто полувреме. Третото место го освои словенечки Горење.