вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Жељко Бабиќ заминува од Подравка

Жељко Бабиќ заминува од Подравка

Хрватскиот ракометен стратег Жељко Бабиќ повеќе не е тренер на женскиот клуб Подравка. На поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер му пресуди неочекуваниот првенствен пораз од Дугo Село, по кој искусниот стратег понуди оставка, која беше прифатена во Копривница.

„Тренерот Жељко Бабиќ му понуди оставка на раководството по поразот на домашен терен од 25-26 од Дугo Село 1955. Надзорниот одбор на РК Подравка оставката едногласно ја прифати“, објавија од хрватскиот клуб

Наследник на Бабиќ ќе биде Антонио Прањиќ, кој веќе го одработи првиот тренинг со ракометарите на Подравка.