среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Жорди Рибера заминува од кормилото на Шпанија

Жорди Рибера заминува од кормилото на Шпанија

Шпанскиот ракометен стратег Жорди Рибера, ќе си замине од кормилото на Шпанија во 2024 година.

Шпанеецот го најави повлекувањето во интервју за „Мундо Депортиво“, а тоа ќе се случи по Олимписките игри во Париз.

Тој дојде на кормилото на Шпанија во 2016 година на местото на Маноло Каденас, а претходно ги водеше Бразил и Аргентина. Работеше и во Арате, Галдар, Бидасоа и Адемар Леон.

Со шпанската репрезентација досега освои шест медали на големите натпреварувања, а ќе има уште две шанси на ЕП 2024 и ОИ 2024.