Екипата на ЖРК Ѓорче Петров убедливо славеа против австриски Рyмс Јагс во првиот натпревар од Европскиот куп на ЕХФ за практично веќе обезбедено место во осминафиналето на ова натпреварување.
Избраничките на Симе Симевски тотално доминираа на мечот против Австријките за убедлива победа од 26-45 (11-21). Реванш-дуелот ќе биде утре од 18 часот, но секако се очекува да биде само формалност на патот на заверка на осминафиналето на македонските ракометарки.
Најефикасна во победата со максимални десет гола од десет обиди беше Ангела Јанкуловска, осум погодоци запиша Милица Николиќ, а Ана Марија Коларовска заврши со шест постигнати гола.