Македонскиот прволигаш, ЖРК Куманово го заврши својот настап во ракометна Европа, откако вечерва претрпе уште еден пораз во пресметката против Макаби Аразим Раматган од Израел.
По првите 30 минути резултатот беше 21-13 што дефинитивно беше најава за негативниот резултат на избраничките на Ристова, негатива која само продолжи да расте во вториот дел за конечни на крајот 43-23.
Со ова Куманово стави крај на настапот во Европскиот Куп и тоа во второто коло.