Ракометната федерација на нашата држава ја одржа ждрепката за Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. З
а разлика од мажите, кај дамите е одиграна четвртфиналната групна фаза и следи „фајнал-фор“ турнир, каде што ќе играат ЖРК Куманово, ЖРК Вардар, ЖРК Металург и ЖРК Чаир.
На ждрепката во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се извлекоа полуфиналните парови за овогодинешното издание на Купот кај жените. Со извлекување на редни броеви, беа распределени четирите тимови во фазата пред финалето. Во полуфиналето ќе се сретнат ЖРК Вардар – ЖРК Чаир и ЖРК Куманово – ЖРК Металург