Македонскиот женски ракометен клуб Металург загуби и на реваншот од второто коло во Европскиот куп против ПАОК. Откако на првиот меч во Солун грчката екипа славеше со 26:17, ривалот беше подобар и на реваншот во Скопје со 20:31.
Најефикасни во тимот од Автокоманда беа Арсениевска и Божиновска со по пет голови, а на спротивната страна истиот учинок го имаа Хаципарасиду и Грбавчевиќ.
Во истата фаза од натпреварувањето составот на Чаир Скопје денеска беше поразен минимално во првиот меч против косовскиот Истогу со 34:33.
Кај домашните ракометарки нашата интернационалка Арлинда Динарица беше прв стрелец со седум голови, колку и нејзината тимска колешка Кончалвеш Луна.
За нашата екипа 10 голови запиша Гулицоска, а по пет имаат Ѓорѓиевска и Џамкиќ. Чаирчанки ги одржуваат шансите за пласман во третото коло, а реваншот ќе се игра в недела со почеток од 17.00 часот исто така на теренот на противникот.