Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е ноф фудбалер на хрватскиот шампион Динамо од Загреб.
Ристовски објави фотографија на социјалните мрежи каде го потврди трансферот во оваа екипа
Ристивски доаѓа во перманентен трансфер во хрватскиот шампион и потпиша договор на три години.
Македонскиот репрезентативец помина три години во дресот на Спортинг Лисабон, а ова за него е враќање во Хрватска каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
„Горд сум и среќен што станав играч на Динамо. Сите ја знаат репутацијата на Динамо и тука и надвор од границите на земјата. Го познавам капитенот Адеми кој е мој соиграч во националниот тим и има и неколкумина мои поранешни клупски соиграчи. Имам претходно искуство со играње на противничката страна и сега ќе се дадам себеси во дресот на Динамо за да им се заблагодарам на управата на клубот за довербата и да го покажам мојот квалитет“, изјави Ристовски.