сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Абазовиќ не исклучува одржување вонредни парламентарни избори

Абазовиќ не исклучува одржување вонредни парламентарни избори

Претседателот на црногорската влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека не ја исклучува можноста за вонредни парламентарни избори бидејќи, како што вели, Црна Гора постојано е во изборен циклус, а изборите се најчистото решение „кога има политичка криза“.

„Како држава постојано сме во изборен циклус. Не би исклучила ниту да одиме на парламентарни избори. Постојано сме во изборен циклус, и постојано бараме резултати. Мислам дека навистина ги испорачуваме резултатите , во многу тешки политички услови“, рече Абазовиќ.

Вонредните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа на 11 јуни годинава, но мандаторниот Милојко Спајиќ се уште не формирал влада. Преговорите за формирање влада се во тек, а рокот е 10 ноември.