среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Абазовиќ: Црногорската Влада усвои санкции против Русија

Абазовиќ: Црногорската Влада усвои санкции против Русија

Владата на Црна Гора во својот технички мандат на денешната седница усвои пакет рестриктивни мерки против Русија, изјави потпретседателот и мандатар Дритан Абазовиќ.

Абазовиќ на својот Твитер профил напиша дека на седница на црногорската Влада е усвоен пакет рестриктивни мерки против Русија. Црногорската Влада го усвои пакетот санкции против Русија во отсуство на претседателот на техничката Влада Здравко Кривокапиќ, кој престојува во Атина, каде што присуствува на економскиот форум во Делфи.

Со денешната седница претседаваше Абазовиќ, кој им се заблагодари за соработката на сите министри, на Владата, на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на делегацијата на НАТО и на Европската Унија во Црна Гора.