сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Акција на грчката полиција за празнење на објект под опсада

Акција на грчката полиција за празнење на објект под опсада

Рано утрово, во нова акција за празнење на објект под опсада, грчката полиција пронајде 138 странски државјани, веројатно мигранти, меѓу кои и деца, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од грчката полиција, пронајдени биле 66 мажи, 44 жени и 28 деца, а сите биле одведени во Дирекцијата за странци за дополнителна проверка на нивните документи.

Заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите и странските дописници рече дека „беше ослободен уште еден простор од нелегална опсада“, а станува збор за 12 објект во кој интервенира полицијата за празнење.