среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Ако не сакаш мажот да те изневерува, дотерај се малку сестро“ – вирална исповед на српски игумен Арсениј (ВИДЕО)

„Ако не сакаш мажот да те изневерува, дотерај се малку сестро“ – вирална исповед на српски игумен Арсениј (ВИДЕО)

Исповед на игуменот на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, Арсениј Јовановиќ, стана вирална, по својата несекојдневност и невообичаеност.

Имено, пораката од игуменот Арсениј е следнава: „Супер сме, се дотеруваме додека се забавуваме, а после тоа – здраво. Веќе не обрнува внимание на себе, таа е дебела, разбушавена, тој го пуштил стомакот, му смрдат нозете, подригнува – до многу полошо“, предупреди игуменот во смисла дека страста во бракот лесно може да стивне.

Многу сопруги се жалат дека мажите ги изневеруваат „Тогаш велам – дотерај се малку, сестро, биди му привлечна“, рекол игуменот, по што тој и сите присутни се насмеале.