петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија: Конфискуван недвижен имот и банкарски сметки на Јамарбер Малтези, меѓу нив и станот во кој живее Бериша

Албанија: Конфискуван недвижен имот и банкарски сметки на Јамарбер Малтези, меѓу нив и станот во кој живее Бериша

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал во Тирана изрече мерка за „превентивна конфискација” на 25 имоти на Јамарбер Малтези, зетот за ќерка на демократскиот лидер Сали Бериша.

Меѓу другото блокирани му се шест банкарски сметки, 16 станови, како и акции во неколку фирми.

-Припадниците на судската полиција денеска  на терен започнаа со превентивно одземање на 25 имоти на Малтези. Првично беа во банки од второ ниво за блокирање на шест сметки на име на зетот на поранешниот премиер, а потоа ќе одат во три фирми, поточно “Homeplan”  каде  Малтези има 45 отсто од акциите “Magnet IMO” каде поседува100 отсто од акциите и “Magnet Gym and Fit” каде има 60 отсто од акциите, јави Топ чанел.

Од 16 станови, седум се наоѓаат на улицата „Мустафа Матохоти“ во Тирана, која е позната и како улица на поранешниот премиер, бидејќи Бериша овде живее во стан на име на неговата ќерка, кој исто така е опфатен со одлуката на судот.

Исто така, со одлуката се опфатени имотите кај поранешниот комплекс „Партизан“ и вилата во Ѓирин е Лалзи(Заливот на Лалзи, познат и како Заливот на Свети Петар) на албанското крајбрежје, каде Бериша вообичаено го минува времето во текот на летото, врз основа на неговите објави на социјалните мрежи.

– Службениците ќе бидат физички присутни во просториите за да се огласат и да ги сменат бравите. До друга одлука, овие ќе бидат блокирани и Малтези не може да спроведе друга постапка, било да е продажба или издавање, додава телевизијата.

Денеска Судот треба да донесе одлука каква мерка ќе добие Малтези, Бериша и бизнименот Фатмир Бектеши.  Првиот беше уапсен пред два дена и задржан во притвор, на вториот му е одземена патната исправа и одредена мерка редовно јавување во полиција, исто како и на бизнисменот.

Се товарат за активна и пасивна корупција, измама и перење пари.  (МИА)