Албанскиот законодавен дом денеска одлучува за тоа дали ќе продолжи или не вонредната состојба во земјата поради пандемијата со Ковид-19.
Со одлуката на Владата се бара продолжување на вонредната состојба во земјата до 23 јуни, што значи дека во сила и понатаму ќе бидат преземените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Предлог-одлука мина во законодавно правната парламентарна комисија, но без гласовите на опозицијата,но ако се има во предвид бројот нан пратениците од владеачкото мнозинство одлуката може да се смета како донесена.
Таа е една од девете точки на дневниот ред на парламентот, кој поради пандемијата со коронавирусот работи според препораките на надлежните.
На минатонеделната пленарна седница, која беше одржана после повеќе од еден месец, поради одржување социјална дистанца пратениците,кои беа со заштитни марки и ракавици,беа распоредени и во собраниските галерија и ложите, кои обично се за странските дипломати или високи гости.
Денешната седница ќе се одржи без присуство на новинари, а право да ја пренесува има само државната радио телевизија.
Владата вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена,што значи до 25 април.
Според последните, вчера соопштени податоци,во земјхата дијагностицирани со Ковид-19 се 634 лица, оздравени 356, додека починати 27 лица.