недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанските студенти по медицина почнаа протести се до повлекување на законот за задолжителна работа во земјата по дипломирањето

Албанските студенти по медицина почнаа протести се до повлекување на законот за задолжителна работа во земјата по дипломирањето

„Медицината бојкотира“, со овој голем транспарент албанските студенти по медицина денеска го започнаа протестот што го најавија пред неколку дена и како што порачаа ќе протестираат сè додека не се исполни нивното барање.

Тоа значи повлекување на законот, со кој се бара новодипломираните лекари да останат во албанското здравство во период од 5 години, пред да ја добијат дипломата за завршени студии.

Тие се собраа пред универзитетот, каде кусо протестираа, по што продолжија кон Министерството за образование, каде продолжија со протестот.

-Ние студентите сакаме решение, а тоа е повлекување на законот. Апелираме и другите студенти и граѓани да се приклучат, во знак на поддршка кон нашата цел, порачаа тие.

Исто така побараа оставка од заменик – министерката за образование, со образложение дека таа „произволно“ се изјаснила дека студентите кои одбиваат да ги платат новите давачки за студирање треба да го прекинат студирањето. Побараа јавна дебата со министерката Огерта Манастирлиу, која, како што рекоа, претходно одбила да се соочат на телевизиска дебата.

Албанскиот Парламент законот го изгласа на 4 јули, без гласовите на опозицијата, а студентите по медицина ја бојкотираат наставата веќе две недели, односно од почетокот на академската година.  (МИА)