петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Американски војници пристигнаа во Турција за да учествуваат во обука со турски војници по што ќе патролираат во Манбиџ

Американски војници пристигнаа во Турција за да учествуваат во обука со турски војници по што ќе патролираат во Манбиџ

Американски војници пристигнаа во Турција, за да учествуваат во обука со турски војници по што ќе вршат заеднички патроли во реонот на Манбиџ, северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

По завршувањето на обуката, ќе почнат заеднички патроли, стои во соопштението.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу вчера изјави дека „има малку одложување“ во врска со обуката за заедничко патролирање во Манбиџ.