четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Анкета: 64 отсто од Грците загрижени за Ковид-19 по отворањето на границите

Анкета: 64 отсто од Грците загрижени за Ковид-19 по отворањето на границите

По отворањето на границите, 64 отсто од Грците се многу (34 проценти) или доста (30 отсто) загрижени за епидемијата на Ковид-19, според новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Сепак, загриженоста е поголема кога станува збор за грчко- турските односи и позицијата на Турција, со оглед на тоа дека еден од седум анкетирани рекле дека многу (40 отсто) или доста (30 отсто) се загрижени за конкретната тема.

Во однос на политичката сцена во Грција, предност од 19 отсто има владејачката Нова демократија во однос на опозициската СИРИЗА, а Кирјакос Мицотакис со 48 отсто, според анкетираните, е посоодветен а премиер, наспроти 24 проценти, колку што добива Алексис Ципрас. (МИА)