среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Анкета на ГАЛУП: ГЕРБ 22.5%, БСП 16.1, ДБ 15.8, Партијата на Трифонов на четврто место

Анкета на ГАЛУП: ГЕРБ 22.5%, БСП 16.1, ДБ 15.8, Партијата на Трифонов на четврто место

Ако изборите во Бугарија се одржат денеска, партијата на екс премиерот Бојко Борисов би победила со значителна предност пред останатите партии, покажува денешната анкета на агенцијата „Галуп Интернешнл“.

Според истражувањето, партијата ГЕРБ има 22,5 проценти гласови, пред Бугарската социјалистичка партија со 16, 1 и Демократска Бугарија со 15,8 проценти.

Рејтингот на победникот на последните избори, партијата „Има таков народ“ на шоуменот Трифонов, според анкетата, продолжува да паѓа и сега се наоѓа на четвртото место со 15,5 проценти.

Следуваат Движењето за правата и слободите со 11,9 и Стани Бугарија, доаѓаме со 4,8.

Под неопходниот цензус од четири проценти и натаму е партијата ВМРО-БНД на Каракачанов со 2,4 проценти.

Истражувањето е направено врз основа на 1007 испитаници во периодот од втори до 10 септември..