сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Анкети: На Хрватска до летото ќе и бидат потребни 100.000 сезонски работници

Анкети: На Хрватска до летото ќе и бидат потребни 100.000 сезонски работници

Според анкети во Хрватска до летото на државата ќе и недостигаат сто илјади сезонски работници. Одливот на работна сила создава дополнителен притисок и хрватскиот кошмар со квалификувана работна сила бара конкретни акции. Квотите за увоз за сезонски работници воопшто не одговараат на потребите, објави денеска Слободна Далмација.

Владата на Хрватска конечно се одлучи на досега невиден потег – со посебни меѓудржавни договори сакаат да овозможат прифаќање илјадници нови работници.

Имено, покраната е постапка за склучување два договора меѓу Хрватска и БиХ. Еден договор ќе регулира сезонско вработување работници од БиХ, а со вториот работниците ќе се упатуваат во трговски друштва.

Двата договора ќе им овозможат работа на државјани на БиХ вон одобрените годишни квоти на дозволи за вработување странци (за оваа година 31 илјада и 19 илјади дополнителни барања).

Додека траат усогласувањата Хрватска подготвува терен за договори со други држави.

Во Македонија и Косово ќе се бараат градежни работници и возачи како и од Украина. Во таа држава со население од 45 милиони жители просечната плата е нешто над 200 евра.