понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Антивладин протест во Сараево

Во Сараево денеска се одржува нов протест, со почеток во 12:05 часот пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ.

Организаторите, меѓу другото, бараат да биде назначен нов состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, кој во рок од 14 дена ќе претстави јасен и спроводлив Акционен план за борба против пандемијата на коронавирус и управување со кризата.

-Иако навремено ги испративме нашите барања и ги доставивме до протоколот на сите министерства на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и понудивме три опции за да одговорат на нашето барање, ниту едно од споменатите нивоа не не испочитуваа со одговор, а не пак да се сретнат со граѓани кои ги поддржаа протестите и барањата на иницијативата Борба за живот, соопшти неформалната група граѓани на групата.